Белград домаќин на завршната конференција на проектот FFF-P

Проектот „Семеен фудбал за фер-игра“ (Family Football for Fair Play FFF-P) заврши со дводневен настан во Белград, кој ги обедини претставниците на партнерските организации, како и деца, родители и тренери, со цел да им се претстават резултатите и производите создадени во текот на проектот.

Настанот започна со пријателски фудбалски турнир, на кој децата и нивните родители играа заедно во тимови, демонстрирајќи го духот на фер-игра и тимска работа што проектот го промовираше. Турнирот овозможи повторно да се тестираат иновативните методологии содржани во FFF-P насоките.

Вториот ден беше посветен на конференцијата, чиј главен момент беше промоцијата на проектните резултати и отворањето на дијалог за важноста на промовирањето фер-игра и позитивни вредности во фудбалот преку меѓугенерациско вклучување на родителите и децата. За време на конференцијата беше прикажан и официјалниот филм за проектот, кој ги следеше сите активности, од обуките за тренери во Турција до пилот-настаните, како и серија кратки анимирани филмови наменети за најмладите, преку кои се објаснуваат клучните вредности на проектот.

Проектот FFF-P беше осмислен за да се справи со предизвици како што се недостаток на спортски дух, дискриминација, недостиг на тимска соработка и се поголема оддалеченост меѓу младите спортисти и нивните семејства. Неговиот уникатен пристап ги вклучи родителите директно во тренинзите и натпреварите, со што се поттикна создавање поздрави односи и ширење на шесте клучни вредности на фер-играта: интегритет, толеранција, решавање конфликти, фер третман, почитување на правилата и противниците и емпатија.

Оваа иницијатива, финансирана од Европската унија, е реализирана од Kargenc Club (Турција), Српската минифудбал асоцијација (Србија) и Фудбалски клуб „Винер“ (Македонија).

mk_MK