Во затворен простор се одржа едукативна сесија за вредностите на фер-плеј и спортскиот дух. Работилницата започна со кратка видео презентација од олимписки моменти на почит и фер однесување меѓу противници.
Понатаму, учесниците дискутираа што ги прави тие гестови важни и како би реагирале самите во слична ситуација. Преку примери од нивното секојдневие, учеа да препознаат кога некој постапува фер и како самите да бидат такви.
Оваа активност не бараше топка или терен, туку отворен ум и срце.



