Во рамките на активностите од вториот и третиот месец на проектот, се реализираа едукативни сесии посветени на комуникација, разбирање и взаемна почит помеѓу родителите и децата.
Учесниците учеа да соработуваат, активно да слушаат и да учествуваат во дијалози, да градат доверба и да се изразат преку креативни средства. Родителите и децата имаа можност да разговараат за лични вредности, културни разлики и искуства со фер или нефер ситуации, преку постери, слогани и групни дискусии.
Целта беше да се зајакне врската меѓу генерациите преку заедничка рефлексија и практикување фер-плеј вредности во секојдневието. Сесиите беа пријатна можност за сите да се искажат и да научат како да се слушаат еден со друг.





