Во рамки на првиот месец од проектот FFF-P, родителите и децата учествуваа во воведна активност на отворено која имаше за цел да создаде блискост и тимски дух. Преку раздвижување, загревање и игри со топка, учесниците формираа мешани тимови и играа мини-натпревари 4-на-4.
После секој натпревар следуваше круг на споделување каде децата и родителите зборуваа што за нив значи фер-плеј и како се чувствувале додека играле заедно.
Со ваков почеток, се постави позитивна атмосфера за понатамошната работа, каде играта не е само за победа, туку и за разбирање и почит.
Проектот FFF-P е кофинансиран од Европската Унија.



