БЕСПЛАТЕН тренинг во АВГУСТ за СИТЕ НОВИ членови родени во 2007 година или подоцна кои ќе ни се приклучат!
Сега е совршено време вашето дете да започне да се занимава со спорт. Фудбалското училиште ФАМОС нуди програма составена од 2 до 4 тренинзи неделно, секој во траење од 60 минути, насочена кон развој на технички и моторички вештини во раното детство и запознавање со основите на фудбалот.
Тренинзите се водени од лиценцирани тренери – носители на UEFA A и B лиценци, со долгогодишно искуство. Тие ги воведуваат децата во светот на фудбалот на забавен и ангажирачки начин, создавајќи позитивна атмосфера на секој тренинг.
Тренинзите се одржуваат на повеќе локации низ Скопје, вклучувајќи:
- Спорт Кафе Аеродром
- Голем фудбалски терен во Ново Лисиче
- ОУ „Александар Македонски“ – Ново Лисиче
- ОУ „Димитар Миладинов“ – Центар
За повеќе информации и пријавување, контактирајте нè преку нашите официјални канали.
