Обука во рамките на проектот FFFP во Турција

Од 20 до 23 март во Сакарија, Турција, се одржа едукативна обука за тренери во рамките на проектот „Семеен фудбал за фер-плеј“.

Нашите домаќини од спортскиот клуб Каргенц од Турција ги обезбедија сите потребни услови за теоретска и практична обука на тренери од Србија, Македонија и Турција. Тренерите во наредниот период ќе го пренесат стекнатото знаење и искуство на децата, родителите, колегите како и на сите други кои директно или индиректно се поврзани едни со други сè со цел за подобро разбирање и воочување на значењето од почитувањето на себе и другите за време на физичка активност, без разлика дали станува збор за рекреативен, аматерски или професионален спорт.

Проектот FFF-P е кофинансиран од Европската Унија

mk_MK